ОХРИДСКИ НУРКАЧИ НАКИТИЈА ПОДВОДНА ЕЛКА ЗА ДЕЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ

    ОХРИДСКИ НУРКАЧИ НАКИТИЈА ПОДВОДНА ЕЛКА ЗА ДЕЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ

    Кај Музејот на вода во близината на Градиште, денес по 16-ти пат ја накитија новогодишната елка под вода нуркачи од клубот за подводни активности „Охрид“ од Охрид и нуркачкиот центар „Амфора“, во соработка на Сојузот за подводни активности на Република Македонија.

    Годинава нуркачите китењето на новогодишната елка им го посветија на децата со ретки болести со желба за подобро здравје и надминување на проблемите, кажаа од „Амфора“.

    Учествуваа 10 нуркачи, а на најмладите им беа поделени новогодишни пакетчиња.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира