ОХРИДСКИТЕ ИНСПЕКТОРИ ЌЕ ГИ ЗАЈАКНАТ КОНТРОЛИТЕ ЗА ТАКСИСТИТЕ КОИ ВОЗАТ БЕЗ ВКЛУЧЕН ТАКСИМЕТАР, БАРААТ И ГРАЃАНИТЕ ДА ПРИЈАВУВААТ

    ОХРИДСКИТЕ ИНСПЕКТОРИ ЌЕ ГИ ЗАЈАКНАТ КОНТРОЛИТЕ ЗА ТАКСИСТИТЕ КОИ ВОЗАТ БЕЗ ВКЛУЧЕН ТАКСИМЕТАР, БАРААТ И ГРАЃАНИТЕ ДА ПРИЈАВУВААТИнспекторите за патен сообраќај од Општина Охрид ќе зајакнат контролите за такси превозот.(Фото: СДК.МК)

    Инспекторите за патен сообраќај од Општина Охрид ќе зајакнат контролите за такси превозот и велат дека ги охрабруваат патниците да пријавуваат нерегуларности кај надлежните.

    САКАМДАКАЖАМ.МК на 15 август објави текст дека дел од охридските таксисти возат без вклучен таксиметар, одбиваат да ги возат патниците на градски локации и ги препраќаат кај други колеги, додека тие чекаат патници кои за поголема сума би патувале надвор од Охрид, според изјави кои ги добивме од туристи од Скопје и од Велес. Иако три дена пред објавувањето на текстот, испративме е-пошта до Општина Охрид со прашања за коментар на состојбата, до објавувањето на текстот не добивме одговор на прашањата.

    Општина Охрид ни одовори денеска со е-пошта.

    „Ве известуваме дека инспекторите за патен сообраќај се редовно на терен и се во тек со случувањата по однос на превозот на патници и за општинскиот линиски превоз и за такси превозoт. Во текот на наредниот период ќе ги зајакнеме контролите на превозниците и ги охрабруваме патниците да ги пријавуваат нерегуларности кај надлежните служби“, велат од Општина Охрид.

    Меѓу случаите за кои пишувавме беше и искуството на еден турист од Скопје кој се возел со такси од центарот на Охрид до апартманот каде што биле сместени оддалечен 3 километри од центарот.

    „Според таксиметарот, платив 150 денари. Утредента, сакав да фатам од такси од главната станица во центарот, спроти чаршијата. Знаејќи дека возилата заминуваат по ред, сакав да се качам во првото. Таксистот ме препрати ‘поназад’ кај колегите. Вториот и третиот го направија истото. Кога на четвртиот му ја кажав адресата ми рече: ‘Може, 250 денари’. Кога го прашав како вчера било 150 а денес 250 и од каде знае колку ќе покаже таксиметарот тој ми подвикна: ‘Ало, бегај, не шири негативна енергија“, ни рече тогаш туристот од Скопје.

    М. ЏАРОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира