ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ГО ПРОГОЛТА ПОМОШНОТО ПРИСТАНИШТЕ

    ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ГО ПРОГОЛТА ПОМОШНОТО ПРИСТАНИШТЕНивото на езерото денеска е на 25 сантиметри над дозволениот максимум

    Охридското Езеро го проголта помошното пристаниште на градскиот кеј, што се наоѓа веднаш до главното. Неговиот преден дел е целосно под вода и сега над водата е само делот на почетокот на кејот.

    Ова се случува поради високиот водостој на езерото, кој денеска е на 25 сантиметри над дозволениот максимум, што изнесува 693,75 метри.

    Котата од која се мери нивото на водата е на 693,17, а минималната е на 693,10 метри

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира