ОХРИЃАНИ ФРЛААТ КАНТИ ЗА ЃУБРЕ ВО ДЛАБОКИ ВОДИ НА ЕЗЕРОТО

    ОХРИЃАНИ ФРЛААТ КАНТИ ЗА ЃУБРЕ ВО ДЛАБОКИ ВОДИ НА ЕЗЕРОТООд нуркачкиот центар „Акватек” се убедени дека кантата е фрлена во езерото од кајче (Фото: СДК.МК)

    Несовесни охриѓани наместо ѓубрето да го оставаат во канти, тие цели канти фрлаат во длабоките води на Охридското Езеро.

    „Оваа канта е фотографирана на десетина метри од брегот. Сигурно е фрлена од кајче, бидејќи на оваа длабочина не може да се фрлат кантата и ѓубрето од брегот. Во последно време, сè помалку наидуваме на вакви глетки. Но, често наоѓаме предмети кои се користат по дома. Најдовме дури и една табакера за чување пипер. Мислам дека, сепак, превлада еколошката свест кај граѓаните”, вели познатиот нуркач Никола Паскали од нуркачкиот центар „Акватек”.

    Директорот на „Охридски комуналец” Љупчо Грдановски вели дека вакви појави во последно време немаат забележано, што говори за се’ поголемата еколошка свест на охриѓани.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира