Омаж на легендарниот актер Дарко Дамевски (1932-1983) ќе се одржи на 28 мај во киното „Мис Стон“ во Прилеп. Повод е 55-годишнината откако Дамевски ја доби наградата Златна Арена за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971.
Снимен по сценариото на Ташко Георгиевски според неговиот истоимен роман, „Црно семе“ беше деби на Ценевски и првиот македонски игран филм кој учествувал и бил наградуван на меѓународни филмски фестивали.
На настанот ќе говорат директорот на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп Михајло Миленкоски и синот на Дарко, актерот и продуцент Симеон Мони Дамевски. Ќе биде отворена изложба фотографии, ќе се прикажат омажот за Дарко Дамески на Горан Марковски, како и „Црно семе“.
Ж. ЗДРАВКОВСКА



