ОПШТИНА АЕРОДРОМ ФОРМИРАШЕ ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА РАЗВОЈ И ОДРЕДИ ДИРЕКТОР ЗА ДА ГО РАЗРАБОТИ

    ОПШТИНА АЕРОДРОМ ФОРМИРАШЕ ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА РАЗВОЈ И ОДРЕДИ ДИРЕКТОР ЗА ДА ГО РАЗРАБОТИВ.д. директорот Стевков прави селфи со градоначалникот Марин и делегацијата од Општината при посетата на Ниш викендов.(Фото: Фејсбук)

    Општина Аеродром формираше Јавното претпријатие со развојни проекти. За в.д. директор е назначен Владимир Стевков, кој треба да го регистрира новото претпријатие, а откако ќе се назначи управен и надзорен одбор ќе почне и официјално да работи.

    Од Кабинетот на градоначалникот Златко Марин велат дека претпријатието е формирано за да може да се реализираат проектите кои ги најави во рамките на стратегијата „Аеродром прва општина со европско знаменце“. Сегашните вработени во Општината тоа не можеле да го сработат бидејќи дел од проектите биле со комерцијален карактер, а таква услуга Општината не може да дава и мора да им формирано јавно претпријатие.

    „Сите европски општини имаат вакви јавни претпријатија за развојни проекти, а ние ќе бидеме први во земјава. Имаме потреба од такво нешто за да може да се реализираат одредени проекти. Еве на пример голф терените во Лисиче кои ќе ги правиме, ние како Општина не можеме да стопанисуваме со нив и да вршиме комерцијална дејност. Треба да ги дадеме на приватен партнер или преку наше јавно претпријатие“, вели Александар Ѓорѓиевски шеф на кабинет на градоналникот Златко Марин.

    На нашето прашање колку вработени ќе им претпријатието и колкав буџет има, Ѓорѓиевски вели дека засега нема да се вработуваат луѓе туку тоа ќе се прави врз основа на проектите кои ќе се добијат од европските фондови.

    „Ниту в.д. директорот Стевков нема да зема директорска плата, тој е вработен во Оштината во кабиентот на градоначалникот и ќе ја зема платата како вработен. Ќе биде распишан канкурс за директор. Засега не се одвоени средства ниту од буџетот на Општината, ниту посебни простории“, додава Ѓорѓиевски.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира