ОПШТИНА БИТОЛА ЌЕ ДОНИРА 10.000 ЕВРА ЗА НАБАВКА НА АПАРАТИ ЗА КИСЛОРОДНА ПОДДРШКА ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА

    ОПШТИНА БИТОЛА ЌЕ ДОНИРА 10.000 ЕВРА ЗА НАБАВКА НА АПАРАТИ ЗА КИСЛОРОДНА ПОДДРШКА ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦАВо Битолската клиничка болница се хоспитализирани 67 пациенти со ковид-19 (Фото: СДК.МК)

    Општина Битола од својот буџет ќе донира 10.000 евра за набавка на апарати за кислородна поддршка во Клиничката болница во Битола. Таа располага со апаратура за кислородна поддршка, но со оглед на зголемениот број пациенти, помошта е добредојдена. За иницијативата се гласаше на денешната седница на Советот и средствата уште денеска ќе бидат префрлени.

    „Сите знаеме дека бројот на заболени од ковид-19 е зголемен и дека се наоѓаме во исклучително сензитивен период, во кој треба да бидеме уште поподготвени со технички капацитет, но и да останеме дисциплирани како граѓани. Средствата ги донираме за набавка на апарати за кислородна поддршка доколку биде потребна во следниот период, за да овозможиме подобро лекување на што поголем број наши граѓани“, рече градоначалничката Наташа Петровска.

    Во Битолската клиничка болница се хоспитализирани 67 пациенти со ковид-19. Директорката Билјана Гагачовска вели дека работат со дополнителните капацитети на Инфективното одделение, а подготвуваат и нови капацитети за понатаму. Во Битола вчера имаше 31 новозаразен со коронавирус, а бројот на активни случаи е 236.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира