Советот на Општина Битола на денешната вонредна седница донесе одлука од општинскиот буџет да издвои 2 милиони денари (32.000 евра) како финансиска помош за семејствата на починатите и повредените во пожарот во дискотеката во Кочани со 59 жртви, на 16 март.
Претседателката на Советот Габриела Илиевска рече дека Битола сочувствува со болката и за семејствата на починатите ќе бидат издвоени еден милион денари како финансиска помош и исто толку за семејствата на повредените. Одлуката беше донесена едногласно.
Во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ загинаа 59 лица, меѓу кои шестмина малолетници a околу 200 беа повредени. Во моментов 162 лица се на лекување во болниците во Македонија, откако вчера 3, а денес 10 пациенти од скопските болници се пуштени на домашно лекување. На лекување во странство се 115 пациенти.
Ж. ЗДРАВКОВСКА