ОПШТИНА БИТОЛА ЌЕ ОРГАНИЗИРА ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА ПРЕД ОФИЦЕРСКИ ДОМ СО ДОМАШНИ ПЕЈАЧИ

    ОПШТИНА БИТОЛА ЌЕ ОРГАНИЗИРА ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА ПРЕД ОФИЦЕРСКИ ДОМ СО ДОМАШНИ ПЕЈАЧИОд Општината велат дека нема да се трошат пари за украсување туку тоа ќе се направи со донации од фирми. (Фото: СДК.МК)

    Општина Битола ќе организира еднонеделана новогодишна програма и дочек на Нова година на платото пред Офицерски дом. Повикот за учесници е во тек, а планирано е тоа да бидат претежно битолчани. Нема да се бараат гости од странство.

    Градоначалникот Тони Коњановски рече дека поради енергетската и економската криза во државата ја повлекоа ставката за новогодишно украсување, па сега се водат разговори со приватници да помогнат во украсувањето на Широк Сокак и платото пред Офицерскиот дом.

    „Сакавме да организираме програма, да ја тргнеме меланхолијата. Општината ќе издвои 1,2 милион денари само за програмата и техничка поддршка. Тоа се скромни средства и ги замолувме учесниците за разбирање. Ги поканувам сите културни работници, претежно битолчани да ја збогатат таа програма која една недела дена пред Нова година ќе биде во попладневните часови на платото пред Офицерскиот дом. Просторот ќе го украсиме во соработка со приватниот сентор“, рече Коњановски.

    Во изминатите години, кога ја немаше пандемијата, а имаше дочек на Нова година во организација на Општината, тоа се правеше на плоштадот Магнолија.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира