ОПШТИНА БИТОЛА САМА ЌЕ УПРАВУВА СО ГРАДСКИТЕ ПАРКИНЗИ

    ОПШТИНА БИТОЛА САМА ЌЕ УПРАВУВА СО ГРАДСКИТЕ ПАРКИНЗИДоговорот на сегашниот концесионер истекува во јули 2019, па ако одлуката биде усвоена Општината паркинзите ќе ги преземе догодина.(Фото: СДК.МК.)

    Управувањето со градските паркинзи во своја надлежност ќе го преземе Општина Битола. На седницата на Совет закажана за в петок, 7 август, прва точка на дневниот ред е иницијативата за формирање на Јавно претпријатие за управување со градските паркинзи во Битола. Договорот на сегашниот концесионер истекува во јули 2019, па доколку одлуката биде усвоена Општината паркинзите ќе ги преземе догодина.

    Општина Битола зонско паркирање воведе во 2013, кога беше соопштено дека концесионер ќе биде „Стентон градба“ ДОО Битола, а за управување со зонското паркирање беше формирано Друштво со посебни намени „Градски паркинзи“.

    Сегашната власт како опозиција во повеќе наврати побараа да се раскине договорот зашто обвинуваа дека не се испочитувани барања од договорот и дека наместо да се среди сообраќајниот метеж во градското јадро станал уште поголем.

    Името на компанијата ДОО „Стентон“ се споменуваше и како концесионер за ископ на гранит во каменоломот над Битола. Ископот беше запрен минатата година откако овластен инспектор од Општина Битола изрече глоба за ДОО „Стентон“ за сторен прекршок зашто продолжил со ископ без да добие Б интегрирана еколошка дозвола.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира