ОПШТИНА БИТОЛА СЕ ОТКАЖА УЛИЧНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ ДА МУ ГО ДАДЕ НА ПРИВАТНИК

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОПШТИНА БИТОЛА СЕ ОТКАЖА УЛИЧНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ ДА МУ ГО ДАДЕ НА ПРИВАТНИК

    Општина Битола конечно одлучи да се откаже од планот јавното улично осветлување да му го даде на одржување на приватна фирма на 15 години преку јавно приватно партнерство. По големата прашина што се крена во јавноста и обвинувањата на опозицијата дека ова ќе биде штетен договор за градот, денес Комисијата за јавни дејности при Советот на општина Битола одлучи да се запре постапката.
    “Комисијата се состана и одлучи оваа постпка да се запре од повеќе причини, од застареноста на физибилити студијата, а и по наша барање за нетранспарентноста на водењето на целата постапка. Почетокот на овој тендер беше во 2012 година, а сега сме 2016-та, параметрите врз кои требаше да се води овој тендер значително се изменети во текот на овие години, цената на чинење на светилките и сите други пропратни елементи”, изјави советникот Горан Козаров, член на комисијата.
    Во изминатиот период опозицијата обвини дека високи партиски финкционери вршеле притисок врз општински административци да стават потпис за одлуката да биде поставена како точка на дневен ред на општинскиот Совет, каде се надеваа дека владеачкото мнозинство ќе ја изгласа. Но, работите се изменија ден пред утрешната општинска седница на Совет.
    Според тендерската документација, приватникот ќе беше обврзан да постави економични светилки и да заштеди електрична енергија за 60 проценти, а немаше најави за намалување на ставката со која годишно од општинскиот буџет се извдојуваа  околу 60 милиони денари пари собрани од граѓаните за одржувње на осветлувањето.  Советнциите од опозицијата обвинија дека тие пари ќе завршат во приватни џебови.
    Од општината тогаш рекоа дека опозицијата лаже и уверуваа дека со договорт градот ќе добие квалитетно осветлување по европски стандари, а општината годишно ќе заштедува по 450 000 евра, но не посочија за што би биле искористени тие пари.  
    Ова е многу ретка случајност , проект инициран од ВМРО-ДПМНЕ, да го запре истата власт.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира