Општина Карбинци својот 30-годишен јубилеј од постоењето ќе го одбележи со повеќе културни и спортски активности како и со настап на повеќе бендови и естрадни ѕвезди од странство.
Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов на прес-конференцијата не кажа ништо што е направено изминатите 30 години во општината, кои инфраструктурни проекти се реализирани. Кажа дека на прославата главна музичка ѕвезда ќе биде српската пејачка Гоца Тржан, без да каже колку ќе чини нејзиното гостување и колку вкупно средства се одвоени од буџетот на Општината за мзичката програма во која покрај Тржан ќе гостува и групата „Енерџи бенд“ со Ѓоко Јовиќ.
По повод патрониот ден на Општина Карбинци, православниот празник „Св. Спас “ на 21 мај ќе има натпревари во мал фудбал и боречки турнир затоа што од оваа општина потекнуваат повеќе македонски боречки репрезентативци и олимпијци.
Т. ЈОВАНОВСКИ



