ОПШТИНА КУМАНОВО ГОДИНАВА ЌЕ ДАВА САДНИЦА ЗА СЕКОЕ НОВОРОДЕНЧЕ

    ОПШТИНА КУМАНОВО ГОДИНАВА ЌЕ ДАВА САДНИЦА ЗА СЕКОЕ НОВОРОДЕНЧЕПрактичната примена на овој проект започна денеска, кога градоначалникот го посети првото машко бебе родено во 2018 година на одделението за гинекологија и акушерство во Општата болница Куманово. (Фото: СДК.МК)

    Општина Куманово и ЈП „Чистота и зеленило“ од оваа година на секое семејство кое ќе добие новороденче ќе му додели садница и ќе биде дел од акцијата „Посади живот за живот“ за зазеленување на градот.

    „Во првите 30 дена од раѓањето на бебето семејството на домашна адреса ќе добие една зелена садница, којашто родителите ќе имаат обврска да ја засадат на нивниот имот или на јавна површина во општина Куманово и апелирам да го почитуваат тоа“, изјави градоначалникот Максим Димитриевски.

    Практичната примена на овој проект започна денеска, кога градоначалникот го посети првото машко бебе родено во 2018 година на одделението за гинекологија и акушерство во Општата болница Куманово и на мајката ѝ врачи штедна книшка со износ на просечна плата од 23.000 денари, цвеќе и други подароци, меѓу кои најави дека ќе добијат и садница. Првороденото бебе е од Ваксинце, липковско.

    Со акцијата градоначалникот верува дека ќе ги поттикне граѓаните да ги чуваат и негуваат дрвјата на нивните деца кои тие ќе ги посадат, а не како досега да ги корнат и уништуваат откако ќе бидат засадени.

    Во Општата болница Куманово на оддлението за гинекологија и акушерство во 2017 година биле родени 1.383 бебиња, 30 помалку од претходната година. Во Кумановската болница се пораѓаат и жени од целиот североисточен регион.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира