Општина Маврово и Ростуше, ЈПКД „Маврово“ и учениците од средното општинско училиште денеска организираа акција за чистење на ѓубрето на Стража. На потегот од превојот Стража до раскрсницата Маврово-Кичево беа собрани купишта ѓубре.
„Апелираме до сите граѓани, посетители на нашиот регион, туристи како и сите оние кои од било какви причини поминуваат на територијата на нашата Општина да се воздржат од фрлање на отпадоци“, рече градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски.
Во текот акцијата која трае цела недела Општината исчисти и неколку диви депонии.
Превојот Стража постојно е затрупан со ѓубре. Корпите се преполни, а ѓубре, кеси, шишиња има на сите страни.