ОПШТИНА ОХРИД ОТСТРАНУВА ДИВИ ЛЕТНИ ТЕРАСИ НА КАФУЛИЊА

    ОПШТИНА ОХРИД ОТСТРАНУВА ДИВИ ЛЕТНИ ТЕРАСИ НА КАФУЛИЊАОд Општина Охрид велат дека нелегално поставената урбана опрема ќе се крева додека не се создаде ред во нејзиното поставување.(Фото: СДК.МК)

    Општина Охрид денеска почна со акција за отстранување на нелегалните летни тераси на јавна површина. Општинската инспекција со асистенција на полицијата почна да ја отстранува опремата на улицата Гоце Делчев која поминува покрај градскиот пазар.

    Од Општина Охрид велат дека нелегално поставената урбана опрема ќе се крева додека не се создаде ред во нејзиното поставување.

    Уште пред почетокот на летото локалната власт упати апел до угостители да се придржуваат до условите за поставување на урбана опрема во спротивно сопствениците ќе се соочат со мерки на инспекциските служби.

    Поставување на урбаната опрема надвор од пропишаните услови не е нова појава. Со овој проблем Охрид се соочува со години.

    Д. ЧУБРИЌ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари