ОПШТИНА ШТИП ГО ПОЧНА НОВОГОДИШНОТО УКРАСУВАЊЕ НА ГРАДОТ, НОВИ СЕ 20 ОТСТО ОД УКРАСИТЕ

    ОПШТИНА ШТИП ГО ПОЧНА НОВОГОДИШНОТО УКРАСУВАЊЕ НА ГРАДОТ, НОВИ СЕ 20 ОТСТО ОД УКРАСИТЕЈП „Стипион“ во соработка со техничките служби на Општината денеска го започнаа новогодишното украсување на Штип што ќе трае две недели. (Фото: СДК.МК)

    Техничките служби на Општина Штип помогнати од комуналните јавни претпријатија од денеска го започнаа новогодишното украсување на градот .

    „Ги користиме старите новогодишни реквизити што ги собираме по завршувањето на новогодишните и божиќните празници. Па така, трошокот е незначителен бидејќи се врши само докуп од 20 до 30 проценти на сијалици и лампиони што прегореле или се оштетиле. Започнавме од централното градско подрачје, мостовите на реката Отиња и новоуредените пешачки патеки во коритото на реката. Следат втората централна улица Ванчо Прќе, Плоштадот Слобода каде ќе има голема елка, ќе ги украсиме и кружните текови и булеварот Гоце Делчев, каде е и влезот во Штип, каде веќе има голема елка и само ќе ја украсиме“, вели Мише Ангелов, еден од раководителите задолжен и за парното греење во општинската зграда.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира