ОПШТИНА ТЕТОВО ГИ ОБВИНУВА ДУИ, СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ ДЕКА ДОЗВОЛИЛЕ ПРИВАТИЗАЦИЈА НА ЗЕМЈИШТЕТО НА КОЕ СЕ НАОЃА МАНАСТИРОТ НА ПОПОВА ШАПКА

    ОПШТИНА ТЕТОВО ГИ ОБВИНУВА ДУИ, СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ ДЕКА ДОЗВОЛИЛЕ ПРИВАТИЗАЦИЈА НА ЗЕМЈИШТЕТО НА КОЕ СЕ НАОЃА МАНАСТИРОТ НА ПОПОВА ШАПКАОд Општина Тетово тврдат дека земјиштето било пренаменето од пасиште во градежно (Фото: СДК.МК)

    Продолжува расправијата помеѓу политичките партии околу поставувањето на крстот во манастирскиот комплекс на Попова Шапка. Од Општина Тетово излегоа со документ со кој велат дека ДУИ, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ дозволиле земјиштето на кое се наоѓа манастирот „Св. Наум Охридски Чудотворец“ да биде приватизирано од страна на Македонската православна црква. Од Општината обвинуваат дека се работи за измама направена од страна на овие три партии.

    „Историјата на изградбата на крстот започнала во 1990-тите, кога земјиштето, кое сега е сопственост на црквата, било пасиште, дадено на користење на Претпријатието за стопанисување со пасиштата, но својот врв го достигнува кога ДУИ доаѓа на власт. Во 2004 формирана е парцела од 10.887 м2, која му е дадена на манастирскиот комплекс. Потоа, во 2009 имотот е префрлен директно на Православната црква со седиште во Скопје. Овие постапки се одвивале далеку од мислењето и очите на граѓаните на Тетово. Во 2018, решението било запишано во катастар, а било однапред донесено на 18 јуни 2012 од страна на единицата за имотно-правни работи, која е во состав на Министерството за финансии во Тетово, што резултирало со приватизација на земјиштето и на два објекта, црквата и камбанаријата. Со ова, Црквата станува сопственик на земјиштето и на двата објекта. На 19 мај 2021, односно пред ДУИ и Теута Арифи да доживеат дебакл на изборите во Тетово, направено е пренасочување на целото земјиште во катастарот, од земјиште за пасишта се трансформира во градежно земјиште“, се вели во соопштението доставено од Општина Тетово.

    Од Општина Тетово велат дека ова било договор помеѓу ДУИ, СДСМ, ВМРО за на Црквата да ѝ се даде земјиште на експлоатација, потоа да се продава по смешни цени и да се гради на црно.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира