ОПШТИНА ТЕТОВО ЈА ОБВИНУВА ПОЛИЦИЈАТА ДЕКА БЕЗ ПРИЧИНА ПОСТОЈАНО ГИ ИСПРАЌА НА ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД НОВИТЕ КАМИОНИ ЗА СОБИРАЊЕ СМЕТ

    ОПШТИНА ТЕТОВО ЈА ОБВИНУВА ПОЛИЦИЈАТА ДЕКА БЕЗ ПРИЧИНА ПОСТОЈАНО ГИ ИСПРАЌА НА ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД НОВИТЕ КАМИОНИ ЗА СОБИРАЊЕ СМЕТВо средината на февруари фирмата „Заубермахер“ и официјално го презеде управувањето со сметот во Тетово (Фото: СДК.МК)

    Наместо да собираат смет, камионите на фирмата „Заубмахер“ секојдневно се упатуваат на технички преглед од страна на тетовската полиција. Како што велат од Општина Тетово, тоа се правело само за да се попречи работата на оваа компанија. Оваа појава станала речиси секојдневие откако во февруари австриско-словенечката фирма „Заубермахер“ преку јавно-приватно партнерство ги презеде управувањето и транспортот на сметот во Општина Тетово.

    Оваа акција на полицијата против Општина Тетово и компанијата се случува секојдневно без никакво објаснување и јасно е дека тенденцијата е да се попречи работата на општината која постојано се грижи за подобрување на состојбата во градот и за креирање подобри услови за граѓаните. Од 15 март до денеска, камионите на ‘Заубермахер‘ трипати се испратени на техничка контрола, при што се изречени казни од 250 евра и повисоки по камион. Еден ист камион во рок од 15 дена двапати бил испратен на технички преглед. Сакаме да нагласиме дека камионите на ‘Заубермахер‘ се регистрирани согласно законот и сите ги исполнуваат техничките услови за работа на терен. Овие проверки од страна на полицијата се вршат само на камионите на оваа компанија. Овие контроли го одложуваат процесот на собирање отпад бидејќи техничките процедури траат долго време“, се жалат од Општина Тетово.

    Тетовската полиција ги отфрла ваквите обвинувања, велејќи дека сè се работи според прописи.

    Секторот за внатрешни работи Тетово во континуитет врши контрола и регулирање на сообраќајот така што се преземаат републички и локални акциски контроли во врска со сообраќајни пропусти или технички нерегуларности спрема сите прекршители. Минатиот месец, при такви акциски контроли реализирани на патиштата во Тетово биле констатирани дваесетина прекршоци, како технички неисправни возила, управување возило со несоодветна возачка дозвола или без возачка дозвола или нерегистрирани возила од јавни претпријатија“, се вели во соопштението на СВР Тетово.

    Кога во средината на февруари фирмата „Заубермахер“ и официјално го презеде управувањето со сметот во Тетово, на јавната презентација на градскиот плоштад беа претставени осум камиони за транспорт на сметот, со кои се дополни постоечкиот возен парк.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира