ОПШТИНА ТЕТОВО ПОЧНА ДА ГРАДИ НОВ ВОДОВОД СО НАД 240.000 ЕВРА ОД ПРВАТА ТРАНША ОД УНГАРСКИОТ КРЕДИТ

    ОПШТИНА ТЕТОВО ПОЧНА ДА ГРАДИ НОВ ВОДОВОД СО НАД 240.000 ЕВРА ОД ПРВАТА ТРАНША ОД УНГАРСКИОТ КРЕДИТНовата водоводна мрежа е се постави во населбата околу улицата Вонвардарска која има проблем со вода за пиење. (Фото: СДК.МК)

    Користејќи ги парите од првата транша од унгарскиот кредит, Општина Тетово денеска започна со поставување водоводна мрежа во тетовската населба околу улицата Вонвардарска, која подолг период се соочува со недостаток од вода за пиење. Кога пред повеќе години почна тука да се градат станбени објекти поставена е водоводна цевка со мал капацитет, но во последниве години во оваа населба интензивно се градеше и драстично се зголеми бројот на објектите што доведе до недостаток од вода за пиење.

    „Се работи за една сериозна инвестиција во ова населба преку проект за снабдување со вода кој е вреден 15 милиони денари. Овие финансиски средства се од траншата од 2024 година од таканаречениот унгарски кредит. Со ова конечно ќе го решиме проблемот со водоснабдувањето за овој дел на Тетово. Овој проект изготвен во рамките на студијата која е направена од Општина Тетово за подобрување на водоснабдување каде има заклучоци да се инвестира во делот на снабдување со вода, во делот на инвестирање на нова мрежа и подобрување на постојната водоводна мрежа“, изјави градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами.
    На почнувањето на градежните работи за новата водоводна мрежа присуствуваше и министерот за животна средина Изет Меџити.

    Со парите од првата транша од унгарскиот кредит Општина Тетово предвидено е да се изгради и нов училиштен објект на местото од сегашното средно текстилно училиште.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира