ОПШТИНА ЦЕНТАР ЈА УРНА ДИВАТА НАСЕЛБА ВО ПАРКОТ НА ЈУЖЕН БУЛЕВАР

    ОПШТИНА ЦЕНТАР ЈА УРНА ДИВАТА НАСЕЛБА ВО ПАРКОТ НА ЈУЖЕН БУЛЕВАРВо дел од паркот, изградени се импровизирани картонски куќарки во кои живеат неколку семејства. Околу куќарките, просторот е затрупан со купишта пластични шишиња, кои ги собираат низ градот (Фото: Ѓ. Личовски)

    Општина Центар со асистенција на полицијата ја урна дивата населба во Урбан паркот спроти палатата „Емануел Чучков“, каде што е сместен Државниот завод за ревизија. На уривањето имаше и екипа од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на Град Скопје. Во дивата населба живееја околу 30 жители.

    Од Општина Центар велат дека по еден месец преговори со дивовселените семејства во Урбан парк, дел од нив сами си заминаа. Планот, според надлежните од Општината, е теренот да се расчисти за да може да почне уредување на просторот.

    При уривањето бил земен и социјалниот момент и Општина Центар, заедно со Министерството за труд и социјална политика, на дивовселените им понудиле привремено сместување, но тие не прифатиле.

    Во дел од паркот, изградени беа импровизирани картонски куќарки во кои живеаја неколку семејства. Околу куќарките, просторот е затрупан со купишта пластични шишиња, кои ги собираат низ градот. Покрај купишта пластика, во дворот кој си го оградиле околу куќарките стојат стари кревети, душеци, теписи, ќебиња, веце школки и ѓубре.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира