ОПШТИНА ЦЕНТАР СТАВИ МОРАТОРИУМ НА ГРАДБА ДО МАРТ 2018 ГОДИНА

    ОПШТИНА ЦЕНТАР СТАВИ МОРАТОРИУМ НА ГРАДБА ДО МАРТ 2018 ГОДИНАМоратoриумот за градба ќе трае два месецa, до тогаш треба да заврши ревизијата на плановите и да се донесе одлука кои планови треба да се изменат;-Градоначалникот Саша Богдановиќ и претседателката на Советот Јана Белчева (Фото: Општина Центар)

    Општина Центар ја стопираше реализацијата на сите досега донесени Детални урбанистички планови (ДУП). Советот на Општината денеска по предлог на градоначалникот Саша Богдановиќ ја изгласа одлуката за стопирање на 31 ДУП, што значи дека нема да се издаваат дозволи за градба.

    Мораториумот за градба ќе трае два месеца, до тогаш треба да заврши ревизијата на плановите и да се донесе одлука кои планови треба да се изменат. Од Општината велат дека причина за стопирање на плановите е тоа што голем дел од нив се носени во доцните ноќни часови и не е изготвен извештај за стручната расправа и јавна анкета.

    „Урбанистичко планската документација за овие ДУП-ви не е во согласност со Генералниот урбанистички план (ГУП). ДУП-овите се стари и планскиот период за кој се донесени е изминат. Запирањето на спроведување на плановите според параметрите на УНДП ќе влијае врз загадувањето кое, според нивните истражувања, ќе се намали за 22 до 25 проценти“, рече Богдановиќ.

    Како што стои во образложението на градоначалникот Богдановиќ, рационалното уредување, услови за хумано живеење, надминувањето на урбаните бариери на лица со попреченост, заштита и унапредување на животната средина, а особено вклучувањето на јавноста во постапката за донесување и спроведување на планската документација ќе бидат основни приниципи по кои ќе постапува Општина Центар при изготвување на новите Детални урбанистички планови.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира