ОПШТИНА ВЕЛЕС ПО ТРИ ДЕНА ГО ПРЕКИНА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕРИ ОТКАКО СЕ ПРИЈАВИЛЕ ПРЕМНОГУ ГРАЃАНИ

    ОПШТИНА ВЕЛЕС ПО ТРИ ДЕНА ГО ПРЕКИНА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕРИ ОТКАКО СЕ ПРИЈАВИЛЕ ПРЕМНОГУ ГРАЃАНИСредствата за термални колектори и велосипеди ќе бидат исплатени по локалните избори (Фото: СДК.МК)

    Повеќе од 130 велешани се пријавиле на општинскиот јавен повик за добивање субвенции за сончеви термални колектори и велосипеди. Тие покажале голем интерес и за инвертер клима уреди, но повикот после три дена бил повлечен.

    „За сончеви термални колектори се поднесени 43 барања, а за велосипеди 93. Во периодот што следи комисиите ќе одлучат по поднесените барања, а средствата ќе бидат исплатени по локалните избори, бидејќи со закон е забрането да се прави во овој период“, кажа градоначалникот Коцевски.

    Најголем интерес велешани покажале за субвенционирање на инвертери. За неколку дена пристигнале 84 барања, по што јавниот повик бил прекинат поради големиот број поднесени барања.

    „Субвенционирани се 52 физички лица кои ги исполниле условите и по принципот ‘прв дојден, прв услужен‘. За оваа цел, од општинскиот буџет се исплатени 494.875 денари. Ова е наш скромен придонес во борбата со климатските промени и заштитата на животната средина“, кажа Коцевски.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира