ОПШТИНА ВЕЛЕС СО ПАРИ ОД ЕУ КУПИ УШТЕ 10 ЕЛЕКТРИЧНИ ВЕЛОСИПЕДИ, НЕ СЕ КОРИСТАТ ОТИ НЕ МОЖЕ ДА ГИ РЕНТА

    ОПШТИНА ВЕЛЕС СО ПАРИ ОД ЕУ КУПИ УШТЕ 10 ЕЛЕКТРИЧНИ ВЕЛОСИПЕДИ, НЕ СЕ КОРИСТАТ ОТИ НЕ МОЖЕ ДА ГИ РЕНТАНабавката на велосипедите чинела 19.000 евра. (Фото: СДК.МК)

    Преку проектот „Паметни решенија – Велес продолжуваме“, со кој се уредуваше централното градско подрачје, набавени се и десет електрични велоспиеди. Тие засега не се ставени во функција и не можат да ги користат граѓаните.

    „Локалната власт нема можност да ги стави во функција оти нема таква дејност. Се бара решение како да се стават на користење за граѓаните“, рече Марија Алчева, координаторка на проектот.

    Електричните велосипеди се набавени со средства од ЕУ и чинеле 19.000 евра.

    Во 2021, исто така со пари од ЕУ, локалната власт на Велес купи 20 електрични велосипеди, кои воопшто не се користат и се поставени во излогот на спортската сала.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира