ОПШТИНА ВЕЛЕС УСВОИ ПЛАН ЗА РЕШАВАЊЕ НА СООБРАЌАЈНИ ПРОБЛЕМИ СПОРЕД ПРИМЕРОТ НА ЉУБЉАНА

    ОПШТИНА ВЕЛЕС УСВОИ ПЛАН ЗА РЕШАВАЊЕ НА СООБРАЌАЈНИ ПРОБЛЕМИ СПОРЕД ПРИМЕРОТ НА ЉУБЉАНАВо новиот план за одржлива мобилност предност имаат пешаците, велосипедистите и јавниот превоз пред автомобилите (Фото: СДК.МК)

    Советот на Општина Велес го усвои Планот за одржлива урбана мобилност, кој нуди применливи решенија за сообраќајот и за сообраќајната инфраструктура во Велес.

    Со усвојувањето и примената на мерките од овој документ, Велес е прва општина во Македонија со подготвен план изработен според стандардите на ЕУ. Планот е насловен „Градот да биде добар за нашите деца“.

    „Мирно донесовме револуционерни мерки за подобра сообраќајна иднина во градот. Со планот, кој е работен според примерот на Љубљана, предност имаат пешаците, велосипедистите, јавниот превоз на еколошки горива и на крај се автомобилите“, рече градоначалникот Аце Коцевски.

    Јован Христоски, претставникот на словенечката компанија АПИА, која го изработи овој значаен документ вреден три милиони денари, ги презентираше клучните препораки и мерки од планот. Тој предвидува зонско паркирање, затворање на центарот на градот за сообраќај, развој на јавниот превоз, изградба на мост на Вардар кај Речани, развој на велосипедизмот и велосипедската инфраструктура, инфраструктура за лицата со ограничена мобилност и воведување еднонасочен сообраќај на најкритичните места во високите делови на градот кон црквите „Св. Спас“ и „Св. Пантелејмон“.

    Планот е ‘тивка револуција‘ за да се сменат навиките на граѓаните. Според извршената анкета во која учествуваа 4.500 граѓани на Велес, 53% користат автомобил, 29% пешачат, седум отсто користат јавен превоз и само еден отсто велосипед“, кажа Христоски.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира