ОШТЕТЕНИ ЈАВНИ ЧЕШМИ ВО БИТОЛА, АКО ПРОДОЛЖИ ВАНДАЛИЗИРАЊЕТО, ЌЕ ГИ ИЗВАДИМЕ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА „ВОДОВОД“

    ОШТЕТЕНИ ЈАВНИ ЧЕШМИ ВО БИТОЛА, АКО ПРОДОЛЖИ ВАНДАЛИЗИРАЊЕТО, ЌЕ ГИ ИЗВАДИМЕ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА „ВОДОВОД“Чешмите кај Новиот парк и спроти Офицерскиот дом се со скршени славини, додека чешмата пред „Кеопс“ е целосно оштетена и неупотреблива. (Фото: СДК.МК)

    Изминативе денови беа вандалски оштетени неколку јавни чешми во Битола, од кои дел се целосно нефункционални, соопштија од Јавното претпријатие „Водовод“. Од таму велат дека освен што се нанесува материјална штета, се оневозможува пристап до вода за пиење особено во овие жешки денови, кога јавните чешми се неопходни за освежување и разладување.

    Чешмите кај Новиот парк и спроти Офицерскиот дом се со скршени славини, додека чешмата пред „Кеопс“ е целосно оштетена и неупотреблива.

    Директорот Андреј Гинов рече дека за оштетувањата ќе испратат допис до МВР.

    „Доколку продолжи ова вандализирање ќе бидеме принудени да ги отстраниме јавните чешми со цел да се спречат понатамошни штети и злоупотреби“, соопштија од „Водовод“.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира