ОСНОВНОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ПОВЕДЕ НОВА ИСТРАГА ЗА ПРЕВОЗОТ ВО БИТОЛА

    ОСНОВНОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО ПОВЕДЕ НОВА ИСТРАГА ЗА ПРЕВОЗОТ ВО БИТОЛАОд протестите на превозниците против тарифникот што го предложи Општина Битола (Фото: СДК.МК)

    Основното јавно обвинителство во Битола води нова истрага за петгодишните договори за линиски и ученички превоз, што ги потпишала поранешната локална власт од Општината.

    Од Јавното обвинителство за СДК.МК потврдија дека предметот е во предистражна постапка, во рамки на која се преземаат дејствија за утврдување на фактите, па во оваа фаза од постапувањето, Обвинителството не е во можност да сподели повеќе детали. Воедно додаваат дека постапката ја води Битолското обвинителство, зашто предметот не се заснова на незаконското прислушување.

    Од Општина Битола изјавија дека од Обвинителството имаат подигнато документи за овој случај, но поради сензитивноста на темата, не откриваат повеќе детали. Појаснуваат дека е направена комисија да ги следи договорите, која за време на претходната власт не постоела.

    Инаку, договорите истекуваат до 2020 година, а, во меѓувреме, со законските измени превозниците треба да ги превезуваат учениците по иста цена со другите патници, по тарифи утврдени на Совет. Превозниците се жалеа на првично предложените цени дека не им е исплатливо да возат, а од Општината во неколку наврати соопштија дека веќе нема да дозволат со превозот да се создаваат големи долгови во битолското образование. Сега двете страни преговараат околу цените.

    За превозот во Битола што се практикувал во изминатите години досега се поднесени три кривични пријави против ексградоначалникот на Битола, Владимир Талески, ексдиректори на школи и некои превозници. За еден од тие случаи, „Транпортер 1“, се води судска постапка.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира