ОСВЕТЛЕНИ 20 ФАСАДИ ВО БИТОЛА, ДО КРАЈОТ НА ЈУНИ ЌЕ СВЕТНАТ СИТЕ АРХИТЕКТОНСКИ БИСЕРИ НА ШИРОК СОКАК

    ОСВЕТЛЕНИ 20 ФАСАДИ ВО БИТОЛА, ДО КРАЈОТ НА ЈУНИ ЌЕ СВЕТНАТ СИТЕ АРХИТЕКТОНСКИ БИСЕРИ НА ШИРОК СОКАКБитолски „Комуналец“ продолжува со менување на рефлекторите на Широк Сокак до Офицерски дом. (Фото: СДК.МК)

    Со нови лед рефлектори осветлени се дваесет фасади на Широк Сокак во Битола, на потегот од плоштадот Магнолија до хотелот „Епинал“. Осветлувањето го спроведува Јавното претпријатие „Комуналец“ во соработка со Општина Битола, во согласност со
    Програмата за одржување и сервисирање на уличното јавно осветлување.

    „Осветлувањето се извршува во неколку фази. Во првата фаза се осветлени 20 фасади, а продолжуваме со менување на рефлекторите на Широк Сокак до Офицерски дом, секаде каде што постојат технички услови за изведба. Оваа активност треба да се заврши до крај на месец јуни односно до започнување на турстичката сезона во градот“, соопшти „Комуналец“.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира