ОТКАКО ГИ ПОТРОШИЈА ПАРИТЕ, КУМАНОВЦИ ПАК ЗАМИНУВААТ ЗА ИРАК И АВГАНИСТАН

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ОТКАКО ГИ ПОТРОШИЈА ПАРИТЕ, КУМАНОВЦИ ПАК ЗАМИНУВААТ ЗА ИРАК И АВГАНИСТАН

    По неколкугодишна пауза, работници од Куманово повторно масовно заминуваат во американските бази во Ирак и Авганистан. Според нашите информации, само во последните месеци стотина кумановци заминале на работа во кризните подрачја.

    Најчесто се ангажираат општи работници, тишлери, готвачи, водоводџии, електричари, возачи и административни работници, по препорака на нивните поранешни шефови, менаџери, супервизори кои сега се на клучни позиции во фирмите „КБР“ и „Флуор“, кои пружаат логистичка подршка на американската војска. Заинтересираните кажуваат дека „КБР“ праќа работници исклучиво во Ирак и таму платите се на исто ниво како што биле пред 10 години, околу 5.000 долари во зависност од работното место, а „Флуор“ е присутен само во базите во Авганистан и месечната заработувачка е пониска и изнесува околу 3.000 долари. Но без разлика на тоа, интересот за работа во двете земји е подеднаков и многу голем од сите генерации.

    „Економската состојба во државата ме тера пак да заминам. Се работи за голема плата која никогаш не можам да ја заработам овде. А работата не многу тешка, си има ред и секој си ги знае обврските. Две години сум дома и не успејав да се снајдам. Започнавме семеен бизнис, но не успеавме да го одржиме. Единствен начин да дојдам до сигурна егзистенција е пак да се вратам“, вели М.Б.(52), кој 8,5 години работел во Ирак и Авганистан.

    Тој додава дека повеќето негови колеги веќе се вратиле во Авганистан и покрај тоа што се работи за воено подрачје не се чувствуваат небезбедно.

    „Базите се како градови, има подобри услови и од тука. Опремени со кујни и ресторани, теретани за вежбање, спортски терени, кино сали со видеотеки, продавници… Многу добро се обезбедени и нè чува вооружена војска 24 часа. Имало ситуации кога ја напаѓаат базата, но системот за предупредување е толку добар што додека падне гранатата ние сме веќе во бункерите. Во мојата база немало никогаш жртви. Лошо беше во базите во пустината, бидејќи борците на ИСИЛ ги напаѓаа од планина. Сме слушале и дека има загинати и тогаш не ни било сеедно“, вели нашиот соговорник.

    Дека кумановци се подготуваат и масовно заминуваат на печалба покажуваат и секојдневните гужви на шалтерот во Кумановскиот суд каде се вадат потврди за неосудуваност. Повеќе апликанти го поминале интервјуто во скопскиот хотел „Александар Палас“, што еден месец го вршеле претставниците на „Флуор“, па сега ги средуваат документите за да заминат на прегледи во Хјустон, Америка.

    Во воените бази во Ирак и Авганистан, кумановци работат повеќе од 10 години, откако се покажаа како добри работници. Точната бројка колку луѓе отидоа на печалба не е познат, но се шпекулира дека е од 5 до 10 илјади кои донеле околу милијарда долари во градот. Куманово последната деценија живее од парите на печалбарите. Повратниците си изградија убави куќи, купија скапи коли, инвестираа во недвижнини во Скопје и живееа од каматите. Многу семејства просперираа, но многу и се распаднаа. Откако ги потрошија парите сега речиси сите излезот го гледаат кон Ирак и Авганистан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира