ОТСТРАНЕТА ДИВА ТЕРАСА НА КАФУЛЕ СПРОТИ ГРАДЕЖЕН ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ

    ОТСТРАНЕТА ДИВА ТЕРАСА НА КАФУЛЕ СПРОТИ ГРАДЕЖЕН ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕСопственикот сам си ја урнал дивоградбата по добиено решение од Секторот за инспекциски работи во Општина Центар. (Фото: Општина Центар)

    Дивата платформа за летна тераса на кафуле веднаш до автобуската станица во Буњаковец, спроти Градежен факултет во Скопје е отстранета. Сопственикот сам си ја урнал дивоградбата откако претходно добил решение од Секторот за инспекциски работи во Општина Центар.

    „Согласно решението, кое предвидува законски рок за самостојно отстранување, на локација спроти Градежен факултет, инвеститорот ја отстрани незаконски поставената платформа. Повторно апелираме до сите сопственици и инвеститори да ги почитуваат решенијата издадени од општината и сами да си ги отстранат нелегалните објекти, во спротивно Општина Центар административно ќе ги изврши, а трошоците ќе паднат на грб на самите инвеститори и сопственици“, вели градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ.

    Општина Центар изминатиов месец урна повеќе дивоизградени објекти и трафики за кои сопствениците не постапиле по издаденото решение.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира