ОТВОРЕН ФАКУЛТЕТОТ ЗА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ И ФИЗИОТЕРАПЕВТИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ТЕТОВО

    ОТВОРЕН ФАКУЛТЕТОТ ЗА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ И ФИЗИОТЕРАПЕВТИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ТЕТОВОПредвидено е на факултетот да се запишуваат околу 150 студенти (Фото: СДК.МК)

    Идните медицински сестри и физиотерапевти отсега ќе можат да се стекнат со стручно знаење и на новоотворениот Факултет за медицински науки, кој ќе работи во рамките на Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово. Отворени се неколку високоопремени предавални, во кои наставата ќе можат да ја следат околу 150 студенти.

    Факултетот денеска го прими официјалното решение од Министерството за образование и наука, со што почна и неговата работа.

    „Отворањето на овој факултет беше едно, не така лесно патување, бидејќи оваа област е многу регулирана. Поминавме низ сите институционални филтри за да дојдеме дотука. Важно е што подготвивме добра техничко-технолошка структура за нашите студенти да можат да ја следат и практичната настава, која овде претставува околу 50 проценти од наставата. Предвидено е, освен нашите студенти, овие капацитети да ги користат и средните медицински училишта. На почетокот ќе има две студиски програми: Факултет за медицински сестри и Факултет за физиотерапија. Капацитетот ќе биде околу 150 студенти, но во првата генерација бројот ќе биде помал“, изјави ректорот на УЈИЕ Абдулменаф Беџети.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира