15 деца со аутизам од Велес добија Сензорна соба во Посебното oсновно училиште „Маца Овчарова“. Во ова училиште настава посетуваат 58 ученици од прво до деветто одделение.
Го избравме 2 Април, Светскиот ден на лицата со аутизам, за на учениците со аутизам да им дадеме за користење посебно опремена соба за престој. Таа е мошне важна и потребна за учениците за кои е наменета, да се релаксираат. Тие живеат во свој свет, си имаат нивен однос кон нештата и со реквизитите кои се во собата, се исполнуваат, пронаоѓаат. Со овие деца работиме посебно, со за нив потребни методи и посебни начини“, рече директракта Ленче Гаданец.
Просторијата е донација од градежното претпријатие „Изгрев“ од Велес, а опремена со помош од Евангелистичката црква од Македонија.
П. ПЕЧКОВ