ПАДНА ФАСАДА ОД ЗГРАДА ВО СКОПСКО КОЗЛЕ

    ПАДНА ФАСАДА ОД ЗГРАДА ВО СКОПСКО КОЗЛЕФасадата на зградата Општина Карпош ја реновираше во 2015 година. (Фото: Фејсбук)

    Падна фасада од зграда на улицата Јуриј Гагарин 33 во скопската населба Козле во Општина Карпош. Парче од фасадата падна на плочникот пред зградата. Досега нема пријава за повредени лица.

    Од Општина Карпош ни изјавија дека во моментов нивни екипи се на терен за да ја утврдат причината поради која паднала фасадата.

    Фасадата на оваа зграда Општината ја реновираше во 2015 година.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира