ПАДНА ТАВАНОТ ВО ГРАДИНКА ВО СКОПСКИ КАРПОШ, ЈАКИМОВСКИ ВЕЛИ ПОКРИВОТ ПОПУШТИЛ ОД ВРНЕЖИТЕ НА ДОЖД

    ПАДНА ТАВАНОТ ВО ГРАДИНКА ВО СКОПСКИ КАРПОШ, ЈАКИМОВСКИ ВЕЛИ ПОКРИВОТ ПОПУШТИЛ ОД ВРНЕЖИТЕ НА ДОЖДОд Општината велат дека забележани се и некои технички пропусти при градбата на објектот и затоа ќе се се проверат проектите. (Фото: Општина Карпош)

    Викендов падна таван во две занимални за деца на градинката „Мајски цвет“ во скопско Тафталиџе. За викенд градинката не работи па во моментот кога таванот се откорнал и паднал, во просторијата немало деца ниту вработени, па никој не е повреден.

    Од Општина Карпош велат дека паднал плафон од гипс картон во две простории, а во уште една е оштетен поради обилните врнежи од дожд.

    Ја утврдуваме причината, Најверојатно се работи за технички проблем.  Веројатно олуците не биле исчистени поради што дошло до нивно запушување. Имајќи предвид дека станува збор за скриен покрив, водата прелила преку олукот врз изолацијата која натежнала на плафонот од просторијата кој е изработен од гипс картон“, кажа градоначалникот Јакимовски по извршениот увид во градинката утрово.

    Од Општината велат дека забележани се и некои технички пропусти при градбата на објектот. Од тие причини градоначалникот побарал да се проверат проектите, понудата и завршните ситуации по што ќе бидат објавени дополнителни информации во врска со случајот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира