ПАЃА ЦЕНАТА НА МАСЛОТО ЗА ЈАДЕЊЕ, ТРЕНДОТ ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДО ПРОЛЕТНИТЕ МЕСЕЦИ

    ПАЃА ЦЕНАТА НА МАСЛОТО ЗА ЈАДЕЊЕ, ТРЕНДОТ ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДО ПРОЛЕТНИТЕ МЕСЕЦИДеновиве еден литар може да се набави и за 110 денари (Фото: СДК.МК)

    Се намалува цената на маслото за јадење. Откако достигна до 160 денари, деновиве еден литар може да се набави и за 110 денари. Тоа се должи на падот на светските берзи, објаснуваат од велешката фабрика за масло, единствен производител на масло од сончоглед во земјава. Оваа индустриска култура ја имало во изобилие на пазарите во соседството.

    „Со новата реколта на родот од сончоглед, цената на маслото за јадење паѓа на светските берзи континуирано. За шест месеци падна за 25 отсто. Има големо количество сончоглед од Србија, Бугарија и Украина. Има доста и сурово масло за јадење. Годинава понудата е поголема од побарувачката и разбирливо е што цената паѓа“, кажа Горан Лазов, директорот на велешка „Маслодајна“.

    Годинава и во Македонија имало род од 10.000 тони, што е најмногу во последните десетина години. Истиот заврши во силосите на „Маслодајна“.

    Овој тренд на намалување на цената на маслото, според производителите, ќе потрае до пролетните месеци, до кога не се очекуваат повисоки цени.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира