Од викендов пајакот на ЈП „Паркинзи Општина Центар“ ќе крева коли до еден часот по полноќ. Од претпријатието велат пајаците ќе патролираат низ најфрекфентните локации во Дебар Маало и Капиштец.
„Досега пајакот работеше до 22 часот. Граѓаните од Дебар Маало и Капиштец каде се кафулињата секојдневно се жалат дека навечер улиците се блокирани од возила. Оваа акција ја започнуваме да се воведе ред во сообраќајниот хаос, да се намали нередот во доцните часови“, како и да се ослободат паркинг местата на жителите од овие населби. велат од „Паркинзи Општина Центар“.
Пајак службата на Општина Центар ќе патролира низ општинските улици, додека на градските како што е булеварот Партизански одреди, ќе интервенира ЈП „Градски паркинг“. На Партизанска секој вечер, таму каде што има кафулиња, третата лента е окупирана од коли. Истото е и пред ТЦ „Мавровка“.
А. АНТЕВСКА