ПАЈАКОТ ВО ТЕТОВО КРЕНА ВОЗИЛА ПАРКИРАНИ ДО КОНТЕЈНЕРИТЕ ЗА СМЕТ ЗАРАДИ ПРИСТАП НА КОМУНАЛЦИТЕ

    ПАЈАКОТ ВО ТЕТОВО КРЕНА ВОЗИЛА ПАРКИРАНИ ДО КОНТЕЈНЕРИТЕ ЗА СМЕТ ЗАРАДИ ПРИСТАП НА КОМУНАЛЦИТЕКамионите не можат да дојдат до контејнерите и да ги испразнат токму поради непрописно паркираните возила. (Фото СДК.МК)

    Во акција на Општина Тетово, СВР Тетово и јавните комунални претпријатија (ЈКП) попладнево се отстрануваа автомобили кои неправилно се паркираат до самите контејнери за смет или пред нив. Три пајак-возила за кратко време подигнаа неколку автомобили на главната тетовска улица, кои беа паркирани веднаш до контејнерите. Ваквото непрописно паркирање е голема пречка на претпријатието „Заубмахер“ кое е задолжено да ги менаџира отпадот во Тетово, бидејќи неговите камиони не можат да дојдат до контејнерите и да ги испразнат токму поради непрописно паркираните возила.

    „Граѓаните на Тетово треба да бидат посовесни, бидејќи несовесните возачи паркираат на места наменети за контејнерите на ЈКП, на места каде е постројките за автобуси и на места каде треба да се паркираат само возила на лица со попреченост. Имаме чести поплаки од граѓаните дека некои контејнери не можат да се испразнат бидејќи камионите за собирање на сметот немаат пристап до контејнерите. Често се случува и автобуските постојки во градот исто така да бидат блокирани од непрописно паркирани автомобили“, изјави градоначалникот на Општина Тетово Била Касами.

    На претстојниот повик на Владата за аплицирање проекти од Општините за средства добиени од кредитот од Унгарија, градоначалникот Касами рече дека аплицирале за околу 4 милиони евра.

    „Аплициравме за тоа што е потреба на Тетово, а тоа е изградба на објекти за две средни училишта и изградба на водоводна мрежа и дел на канализациона мрежа. Се работи за 4 милиони евра кои се потребни за реализација на овие проекти“, појасни Касами.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира