ПАРИЧНИ НАГРАДИ ЗА СИТЕ ВРАБОТЕНИТЕ ВО РУДНИКОТ „САСА“ ЗА ДЕНОТ НА РУДАРИТЕ

    ПАРИЧНИ НАГРАДИ ЗА СИТЕ ВРАБОТЕНИТЕ ВО РУДНИКОТ „САСА“ ЗА ДЕНОТ НА РУДАРИТЕГодинава нема да има прослава за Денот на рударите туку парите ќе се наменат за проекти во Општината. (Фото: САСА)

    Традиционално и оваа година, во пресрет на 28 Август – Денот на рударите, рудникот САСА, ги награди своите 760 вработени со парични награди и пригодни подароци. Дополнително, вкупно 122 вработени, меѓу кои најдобриот рудар во САСА за изминатата година, како и оние што дале особен придонес за безбедноста и здравјето при работа и за остварување на безбедно и стабилно производство, добија и дополнителни парични награди, подароци и признанија

    „Горди сме со сѐ што направивме како тим во изминатиот период, особено во делот на безбедноста и благосостојбата на вработените, кои биле и ќе останат наш највисок приоритет и постојана грижа. Со големи залагања од сите и континуираната поддршка што ја добиваме од Централ Азија Металс, САСА и во следниот период ќе продолжи по патот на успехот и одржливиот развој, обезбедувајќи благосостојба за своите вработени, поддржувајќи ја локалната заедница и придонесувајќи за просперитетот на земјата. Од клучно значење за ваквиот одржлив развој се новите капитални проекти, вредни над 40 милиони долари, во чија реализација бележиме значаен напредок, а кои ќе обезбедат безбедна, еколошки одговорна и стабилна работа на САСА и во годините што следуваат“, рече генералниот директор на САСА Кристофер Колбурн.

    Инаку, оваа година, како дел од својата континуирана грижа и поддршка за заедницата, САСА одлучи да ги откаже сите интерни свечености поврзани со прославата на Денот на рударите, а планираните средства за нивната организација да ги пренамени во проект за зголемување на безбедноста во сообраќајот во општината.

    Рудникот за олово и цинк САСА е најголемиот подземен македонски рудник. Од ноември 2017, САСА е дел од Централ Азија Металс, интернационална рударска компанија која котира на Лондонската берза (AIM: CAML). Од влезот на Централ Азија Металс до сега во САСА се инвестирани околу 60 милиони долари, во нова рударска опрема, во модернизација и дигитализација на технолошките процеси, во безбедноста, стандардите и работните услови во рудникот, како и во професионалниот развој и едукација на вработените.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира