ПАЗАРЏИИТЕ ОД СКОПСКИОТ ЗЕЛЕН ПАЗАР ДОБИЈА ПАРКИНГ ЗА КАМИОНИ ЗА ДА НЕ СЕ ПАРКИРААТ КАЈ „АУТОМАКЕДОНИЈА“

    ПАЗАРЏИИТЕ ОД СКОПСКИОТ ЗЕЛЕН ПАЗАР ДОБИЈА ПАРКИНГ ЗА КАМИОНИ ЗА ДА НЕ СЕ ПАРКИРААТ КАЈ „АУТОМАКЕДОНИЈА“Ако контролорите затекнат товарни возила надвор од затворениот простор, тие веднаш ќе бидат санкционирани. (Фото: ПОЦ)

    Пазарџиите од скопскиот Зелен пазар ќе можат да се паркираат на новиот уреден паркинг зад пазарчето. ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ денес пушти во употреба две нови паркиралишта во склоп на Зелен пазар согласно постигнатиот договор меѓу „Скопски пазар“ и пазарџиите од Зелен пазар, со цел да се надминат проблемите на паркиралиштето „Аутомакедонија“.

    „Уреден е дивиот паркинг позади Зелен пазар кој беше во хаотична состојба и нефункционален ниту за жителите ниту за корисниците на услугите на Скопски пазар и постави нов систем за контрола со влезно-излезни рампи. Од ова неуредено паркиралиште, направени се две функционални паркиралишта, едното паркиралиште е наменето за товарните возила на пазарџиите, а другото за околните. Со отворање на овие паркиралишта, паркиралиштето ‘Аутомакедонија‘ целосно ќе се ослободи од товарните возила и ќе им овозможи на жителите брз и лесен пристап до нивните домови“, вели Васко Кичевски директор на ЈП „Паркинзи Општина Центар“.

    Од претпријатието додаваат дека во наредниот период, контролите на ова паркиралиште ќе бидат зачестени и сите нерегуларности ќе бидат санкционирани. Доколку контролорите затекнат товарни возила надвор од затворениот простор, тие веднаш ќе бидат санкционирани.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира