ПЕДЕСЕТ ПОПЛАВЕНИ СЕМЕЈСТВА ОД КИЧЕВО СМЕСТЕНИ ВО СПОРТСКАТА САЛА ИВАНДОЛ

    ПЕДЕСЕТ ПОПЛАВЕНИ СЕМЕЈСТВА ОД КИЧЕВО СМЕСТЕНИ ВО СПОРТСКАТА САЛА ИВАНДОЛНа поплавените досега им се поделени 75 пакети храна, 75 хигиенски пакети, 100 душеци, 500 кебиња и 100 пара обувки, велат од Министерството за труд и социјална политика

    Педесетина семејства од Кичево, чии домови се поплавени од вчерашните врнежи, се сместени во спортската сала „Ивандол“, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Од увидот на терен, екипите на Министерството за труд и Центарот за социјални работи Кичево утврдиле дека се поплавени стотина куќи од Прилепска населба во Кичево.

    „На семејствата што се сместени во спортската сала Ивандол обезбедено им е сѐ што им е потребно. Досега поделени се 75 пакети храна, 75 хигиенски пакети, 100 душеци, 500 кебиња и 100 пара обувки. По завршениот увид Центарот за социјални работи од Кичево ќе излезе со конечна и официјална бројка на поплавени. Заедно со центарот за социјални работи од Кичево и со Црвениот крст ќе ја следиме состојбата и ќе ја дадеме потребната помош и поддршка на граѓаните’, велат од Министерството за труд и социјална политика.

    Центарот за управување со кризи соопшти дека во Кичево се поплавени поголем број станбени објекти и помошни простории.

    „Заедно со екипа на Општина Кичево и полиција извршен е увид на состојбата, и закажан е состанок во Општина Кичево на кој ќе учествуваат претставници од сите релевантни институции за да договорат активности за наредните денови. На патниот правец Р – 1305 Кичево – Битола на првиот километар има излевање на вода на патот во должина 300-400 м. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација“, соопшти Центарот за управување со кризи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира