ПЕНЗИОНЕРИТЕ ГИ ЗГОЛЕМИЈА БАРАЊАТА, 5.000 ДЕНАРИ ЛИНЕАРНО ПОКАЧУВАЊЕ И 20.000 МИНИМАЛНА ПЕНЗИЈА

    ПЕНЗИОНЕРИТЕ ГИ ЗГОЛЕМИЈА БАРАЊАТА, 5.000 ДЕНАРИ ЛИНЕАРНО ПОКАЧУВАЊЕ И 20.000 МИНИМАЛНА ПЕНЗИЈАПротестите продолжуваат низ градовите во Македонија, но и нивна радикализација, најави новиот Сојуз на пензионери за достоен живот. (Фото: СДК.МК)

    Барањата на пензионерите за повисоки пензии остануваат, со тоа што вредноста на минималната пензија е повисока, исто како и висината на линераното покачување. Ова се одлуки на Иницијативниот одбор за повисоки пензии, кој од денес е преименуван во Сојуз на пензионери за достоен живот, граѓанско здружение кое наскоро требало да биде и правно регистрирано.

    „Донесовме неколку заклучоци за работата во наредниот период. Наместо 3.500, бараме линеарно покачување на пензијата од пет илјади денари, минимална пензија од 20 илјади денари. Овие барања се согласно трошоците на животот, кои секојдневно се качуваат. Протестите продолжуваат низ градовите во Македонија, но и нивна радикализација“, кажа Кире Василевски, секретар на Сојузот.

    Созјузот одржа седница во Неготино со делегати од 25 градови од земјава.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира