ПЕНЗИОНЕРКА ПЛАТИЛА 30.000 ЕВРА ЗА ДА ЈА СПАСИ ЌЕРКАТА ОД ЗАТВОР ОТИ НАВОДНО ПРЕГАЗИЛА ДЕТЕ, ТРЕТА ИЗМАМА ЗА ДВА ДЕНА ВО КУМАНОВО

    ПЕНЗИОНЕРКА ПЛАТИЛА 30.000 ЕВРА ЗА ДА ЈА СПАСИ ЌЕРКАТА ОД ЗАТВОР ОТИ НАВОДНО ПРЕГАЗИЛА ДЕТЕ, ТРЕТА ИЗМАМА ЗА ДВА ДЕНА ВО КУМАНОВООд полицијата апелираат на претпазливост, а особено до повозрасните лица кога им се јавуваат непознати (Фото: СДК.МК)

    Шеесет и петгодишна жена е нова жртва на измама во Куманово. Таа останала без 30.000 евра откако поверувала на измамник дека нејзината ќерка прегазила дете, а тој сакал да помогне да не одговара.

    Според СВР Куманово, 65-годишна жена вчера во 14:30 часот пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 30.000 евра.

    Лицето ѝ се јавило на телефон и претставувајќи се како полициски службеник ја известило дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна незгода во која прегазила дете мигрант и ќе треба да плати одредена сума пари за да не ја гонат кривично. Таа ги однела парите на договореното место, а подоцна се слушнала со нејзината ќерка и сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.

    И вчера биле пријавени две измами и еден обид за измама од тројца пензионери. Со истата приказна измамникот успеал да дојде до 250.000 денари.

    Во текот на 2024, во Куманово биле регистрирани две измами за сообраќајни несреќи. Од полицијата апелираат на претпазливост, а особено до повозрасните лица кога им се јавуваат непознати, да не наседнуваат на лажни услуги и сите сомнителни случаи да ги пријават на бесплатниот телефонски број 192.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира