По пет години затвор добија обвинетите за пожарот на езерото Младост, кој се случи на 26 август 2019.
Одлуката беше соопштена денеска во Основен суд во Велес, со која беа прогласени за виновни Тасе Илиевски (61), Марјан Ангелов (58) и фирмата „Реал градба“, кои беа обвинети за кривичното дело Тешки дела против општата сигурност. Правното лице „Реал градба“ доби парична казна од 300.000 денари.
Според обвинението, не биле почитувани законите, прописите и техничките правила за заштита при работа. Адвокатите на обвинетите најавија жалба на пресудата. Оштетените се препраќаат на граѓански спор.
П. ПЕЧКОВ