Кандидатот за градоначалник на Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Петар Јанков вечерва прогласи победа. Како што соопшти пред новинарите, победата е со 4.000 гласа разлика во однос на противкандидатот на СДСМ Марјан Даскаловски. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе го има и мнозинството во Советот.
„Струмичани го соборија бастионот на СДСМ во Струмица. Победи волјата на граѓаните. Голема благодарност до нив. Во периодот што следи заедно со мојот тим и советниците ќе се посветиме на работа“, кусо кажа Петар Јанков кој доаѓа на оваа функција по Костадин Костадинов од СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ забележа победа и во Василево, Босилово и Ново Село. Таму победија актуелните градоначалници Славе Андонов, Ристо Манчев и Ѓорѓе Божинов.
Според првичните информации во Југоистокот, втор круг ќе има во Валандово, Богданци и Дојран.
В. ТРАЈКОВ