ПЕТТО ОДЛОЖУВАЊЕ НА ТРАНСПОРТОТ НА ОПАСНАТА ЗГУРА КРАЈ ВЕЛЕС ОТИ МАЛЕЗИЈА ГО СОПРЕЛА УВОЗОТ, СЕ БАРА МЕСТО ВО АФРИКА

    ПЕТТО ОДЛОЖУВАЊЕ НА ТРАНСПОРТОТ НА ОПАСНАТА ЗГУРА КРАЈ ВЕЛЕС ОТИ МАЛЕЗИЈА ГО СОПРЕЛА УВОЗОТ, СЕ БАРА МЕСТО ВО АФРИКАДепонијата со згура од тридецениската работа на велешката Топилница е една од десетте црни еко-точки во Македонија и се наоѓа северно од Велес на влезот од правец на Скопје, а при секој ветер се разнесуваат во градот опасни и штетни честички кои се таму наталожени. (Фото: СДК.МК)

    Наспроти најавите дека од почетокот на годинава ќе започне транспортот на згурата од тридецениската работа на велешката Топилница во Малезија, ридот близу градот и натаму е недопрен и еко-жариште кое загадува. Депонијата со згура е една од десетте црни еко-точки во Македонија и се наоѓа северно од Велес на влезот од правец на Скопје, а при секој ветер се разнесуваат во градот опасни и штетни честички кои се таму наталожени.

    Сопственикот на концесијата „Кепс маунт груп“ од Белград, која има седиште во земјава, објаснува дека во Малезија бил сопрен увозот на вакви материјали.

    „Малезија стави рампа за увозот, иако договорот ни беше потпишан една година порано. Сега чекаме што натаму. Договорот со тамошниот увозник е во нивното Министерство. Чекаме дали и колку ќе ни одобрат за внес во земјата. Нивен проблем е што имаме договор кој е валиден и треба да си го решат. Мораториумот за увоз во Малезија е од први јануари до крајот на јуни“, велат од „Кепс Маунт груп“.

    Според планот за работа, ридот каде се складирал отпадот велешката Топилница е тежок 1,8 милиони тони и тој треба да се отстрани за четири години. Досега, во четири наврати инвеститорот најавуваше и го пролонгираше почетокот на работата на дислокацијата на згурата. За ова петто одлагање ја смируваат јавноста во градот со најава дека работат згурата да се пласира во трета земја.

    „Имаме резервна варијанта. Преговараме со земја од Африка и од Источна Европа. Таму овие месеци требаше да тргнат првите 300-400 камиони. Но за жал, состојбата со КОВИД-19 ги прекина активностите, ги затвори границите. Ова требаше да се случи преку голема турска компанија, која има топилници низ светот“, соопштија од компанијата.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира