Штипјанец (54) ја убил својата 84-годишна мајка во нивниот дом со ловечки нож. Како што соопштија од СВР Штип, тој бил пијан, а Обвинителството рече дека имал од 2.43 грам промили алкохол во крвта, но бил свесен за стореното.
Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.
Откако со ловечки нож ѝ нанел убодна рана во пределот на вратот од која жртвата искрварила до смрт, настанот самиот го пријавил на телефонскиот број за итни случаи 112, рече Обвинителството.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Од од СВР Штип соопттија дека на 08.08. 2025 година полициските службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С. З. (54) од Штип.
„Тој се сомничи дека околу 2 часот во семејниот дом во Штип со остар предмет ѝ нанел убодна рана на неговата 84-годишна мајка по што таа починала. Лекар од Брза помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е дадено на обдукција. Увид на лице изврши екипа од СВР Штип под раководство на Јавен обвинител на ОЈО Штип при што остриот предмет бил пронајден и одземен за понатамошна постапка“, велат од СВР Штип.
Т. ЈОВАНОВСКИ