ПИЈАНИОТ ВОЗАЧ КОЈ ВО АПРИЛ УСМРТИ ПОЛИЦАЕЦ НА ДОЛЖНОСТ ДОБИ 7 ГОДИНИ И 8 МЕСЕЦИ ЗАТВОР

    ПИЈАНИОТ ВОЗАЧ КОЈ ВО АПРИЛ УСМРТИ ПОЛИЦАЕЦ НА ДОЛЖНОСТ ДОБИ 7 ГОДИНИ И 8 МЕСЕЦИ ЗАТВОРОсновниот суд Куманово му судеше на Синиша Јовановски за две кривични дела (Фото: СДК.МК)

    Синиша Јовановски (40) од село Пелинце, Општина Старо Нагоричане, е осуден на 7 години и 8 месеци затвор затоа што со своето возило го усмрти полицаецот Виктор Цветковски (37) од Куманово и тешко повреди уште три лица.

    Кривичниот совет во Основниот суд Куманово на Јовановски му судеше за две кривични дела: тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот со смртни последици и тешки телесни повреди и неукажување на помош на повредените во сообраќајна несреќа, при што за првото дело доби седум години затвор, а за второто 10 месеци, што беше споено во единствена казна од 7 години и 8 години. Исто така. изречена му е и тригодишна забрана за управување на моторно возило од правосилноста на пресудата, а продолжена му е мерката притвор.

    Во текот на судењето, Јовановски го признал делото и изразил жалење за изгубениот живот.

    Несреќата се случи на 21 април годинава, 45 минути по полноќ, на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во населбата Ајдучка Чешма. Возејќи го својот „мерцедес“ со поголема брзина од дозволената и со 1,83 промили алкохол во крвта, Јовановски изгубил контрола и удрил во полицаецот Цветковски, а потоа и во полициското возило на сообраќајната патрола, во која биле уште двајца полицајци-практиканти. Наместо да застане и да помогне, возачот побегнал од местото на несреќата и по два километра, во близина на хотелот „Сателит“, се судрил со такси возило, во кое се наоѓале тројца патници. Од ударот, неговото возило се превртело и тој се здобил со полесни повреди и бил приведен.

    Полицаецот Цветковски, татко на две деца, починал на самото место, додека уште еден полицаец, возачот на таксито и една патничка биле тешко повредени, а останатите полесно.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира