Триесет и седумгодишниот планинар од Прилеп кој беше пријавен како изгубен на Пелистер и за кој попладнево беше организирана спасувачка акдија од Центарот за управување со кризи слегол жив и здрав од планината.
Тој беше пријавен од други лица кои се искачувале на Пелистер дека му се изгубила трагата околу врвот Антена. Планинарот успеал да се симне самиот во подножјето на Пелистер од страна на Црвена Река, стигнувајќи до потпелистерското село Ниже Поле. Во еден момент го слушнал ратракот кој бил вклучен во потрагата.
По него прво се трагаше со ратрак, но без успех. Случајот беше пријавен во СВР Битола и во НП „Пелистер“, по што веднаш се упатија екипи на терен.
Ж. ЗДРАВКОВСКА



