Од денеска, паркинзите во Охрид ќе работат до 18 часот, а не како досега од 7:30 до 24 часот. Ова ќе важи до 24 март, период во кој се применуваат превентивните мерки на Владата за заштита од коронавирусот.
„По препораките на Владата за заштита од коронавирусот, решивме нашите екипи да ги повлекуваме од паркинзите во 18 часот. Ова ќе трае до 24 март. По 18 часот паркирањето ќе биде бесплатно”, вели директорката на ЈП „Билјанини извори“ Гордана Јованоска.
Од ова јавно претпријатие информираат дека завршија активностите за санација и опремување на електронскиот систем на наплата што беше потребно поради несреќата која се случи пред извесно време и од денеска со работа продолжува премиум зоната со затворен систем на наплата. Премиум зоната останува да функционира како и досега, во текот на сите 24 часа.
Д. ЧУБРИЌ