ПО 43 ГОДИНИ РЕНОВИРАНА СПЕЦИЈАЛИЗИРАНАТА БОЛНИЦА ВО ОТЕШЕВО, СО ПАРИ ОД МАКЕДОНИЈА И ШВАЈЦАРИЈА

    ПО 43 ГОДИНИ РЕНОВИРАНА СПЕЦИЈАЛИЗИРАНАТА БОЛНИЦА ВО ОТЕШЕВО, СО ПАРИ ОД МАКЕДОНИЈА И ШВАЈЦАРИЈАВо болницата подобрени се болничките услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург. (Фото: Министерство за здравство)

    Комплетно е реновиран болничкиот објект на Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања во Отешево. Реновирањето беше направено со буџет од околу 323.624 евра (20 милиони денари) од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија.

    Во болницата подобрени се болничките услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се опремени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторијата, дневната соба, ехо кабинетот, соба за спирометрија и алерго тестови се сместени во реновираниот објект.

    Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и оттаму велат дека ова е прво реновирање. Во изминатиот период, во установата беа набавени и два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на овој проек во вредност од 270 илјади денари.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира