ПО 50 ГОДИНИ ШТИП ДОБИ ОСУМ НОВИ АПАРАТИ ЗА ФИЗИКАЛНА ТЕРАПИЈА ШТО ЧИНАТ 50.000 ЕВРА

    ПО 50 ГОДИНИ ШТИП ДОБИ ОСУМ НОВИ АПАРАТИ ЗА ФИЗИКАЛНА ТЕРАПИЈА ШТО ЧИНАТ 50.000 ЕВРАНовите апарати веќе се инсталирани во одделенијата за физикална медицина и стручниот кадар веќе опслужува околу 200 пациентите колку што изнесува дневниот проток на болни. (Фото: СДК.МК)

    Центарот за физикална медицина и рехабилитација во Штип кој згрижува пациенти од цела Македонија доби осум нови мултифункционални апарати, а утре ќе добие уште еден кој ќе биде првиот и единствен од ваков вид кај нас.

    „Речиси половина век штипската физикална терапија згрижуваше пациенти со стара апаратура набавена уште во 1967 година. Со новите осум апарати за повеќе од 200 пациенти колку што просечно дневно згрижуваме значително ќе се подобри услугата и самото лекување затоа што пациентите сега не мора да чекаат од соба до соба, од апарат на апарат, туку во новите апарати се сконцетрирани повеќе физикални терапии и фукции како што се ултразвук и слично“, вели раководителот на Одделението за физикална медицина и рехабилитација Ленче Николова .

    Според Николова новиот апарат што ќе го добијат утре ќе биде револуционерен чекор за центарот затоа што во него се сконцетрирани голем број дијагностички перформанси, може да спречува и оперативни зафати и лекувањето со него ќе биде далечински без допир со апаратот, а ќе биде мошне ефикасен и во рехабилитационите третмани на пациентите со ревматизми, спондиелози, дегенеративни и трауматски заболувања.

    Набавката на апаратите чини 50.000 евра. За новите апарати вработени се нови 13 физеотерапевти

    Т. ЈОВАНОВСКИ   

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира